Култниот хорор-филм „Истерувач на ѓаволи“ (Exorcist) веројатно ќе добие свое продолжение и тоа во облик на трилогија.
Според светските медиуми, Линда Блер ќе се врати во улогата на Реган Мекнил, иако засега не се знае колку таа ќе биде застапена во филмот. Според медиумите, Блер била на снимањето само неколку дена. Не се знае ниту делот од трилогијата во кој ќе се појави таа, иако се претпоставува дека ќе ја видиме во првиот.
Режисер на новите филмови е Дејвид Гордон Грин. Елен Берстин ќе ја повтори улогата од оригиналната верзија на филмот, каде што играла мајка на дете опседнато од ѓаволот. Во новата верзија Лесли Одом Џуниор ќе игра татко кој бара помош бидејќи неговата ќерка се наоѓа во истата ситуација.
Сценариото за првиот дел било напишано за време на пандемијата. Се очекува првиот дел од трилогијата да биде прикажуван во кината, додека вториот и третиот би можеле да бидат прикажани на платформата „Пикок“, која е во сопственост на компанијата „Универзал“.
Се предвидува компанијата да потроши речиси 400 милиони долари на трилогијата. Оригиналниот филм од 1973 година заработил над 440 милиони долари.
Извор:
24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)