Новиот филм за Спајдермен, „Човек-пајак: Нема пат до дома“, стигна во кината и досега веќе заработи речиси 1 милијарда долари низ светот и покрај пандемијата.
Том Холанд го игра Спајдермен, односно момчето зад маската со име Питер Паркер. Најновиот филм воедно е и трет филм во трилогијата за Спајдермен.
Светската премиера беше на 13 декември во Лос Анџелес, а филмот може да се пофали со трета најголема заработка во историјата со дури 600,8 милиони долари на првиот ден од прикажувањето.
Фото: Pixabay
На меѓународните благајни, филмот заработил 340,8 милиони долари само на денот на премиерата. Во Мексико, првиот ден донел заработка од 33,3 милиони долари, во Бразил - 18,6 милиони долари, а во Аргентина - 7,1 милиони долари. Во Велика Британија филмот заработил 42,3 милиони долари во првиот ден од прикажувањето.
Приказната во новиот филм продолжува онаму каде што застана со претходниот филм од 2019 година. Питер Паркер сега е цел на медиумите и полицијата, а наоѓа надеж во помошта на Доктор Стрејнџ, кој го игра Бенедикт Камбербач. Благодарение на волшебникот, целиот свет заборава кој е Паркер, но магијата има недостатоци, па тоа резултира во посети од други паралелни универзуми.
Извор:
Studentski
Фото: YouTube (Printscreen)