X
 28.09.2018 Култура

На филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ претставен израелскиот кинематографер Ѓора Бејач

На филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ вчера беше претставен кинематограферот на филмот „Фокстрот“, Ѓора Бејач. Филмот е прикажан во конкуренција за наградата „Златна камера 300“.

-Се обидуваме да имаме различни филмови, со различни естетики и кинематографии. Секогаш размислуваме за целосниот квалитет на филмот. Го гледав „Фокстрот“ на фестивалот во Венеција и немавме можност да го донесеме на фестивалот истата година, но еве го тука - рече селекторот Благоја Куновски-Доре.

Станува збор за одличен филм, а Бејач пред неколку години ја доби наградата „Бронзена камера 300“ за филмот „Либан“.

2

-Главните предизвици на еден филм се да ја донесеш приказната и ситуацијата, гнев и н ситуација која во Израел ја викаме „тропање на врата“. Главна цел ни беше да ја донесеме на платното со цел да прикажеме како се чувствува ликот и се обидовме камерата да изгледа како да е внатре во ситуацијата, а не да биде набљудувач. Сакавме да покажеме дека неговиот свет се распадна, во моментот кога го губи синот, а кадарот одозгора требаше да го постигне тоа - рече Бејач.

Филмот е прикажан во Израел и доби одлични филмски критики, меѓутоа министерката за култура во Израел не го погледнала филмот и е против него. Токму нејзиното неодобрување му донел на филмот уште поголем публицитет, па така луѓето сакаат да го гледаат, објаснува Бејач.

100 годишнина од раѓањето на Ингмар Бергман

2

ИФФК „Браќа Манаки“ ја одбележа и 100 годишнината од раѓањето на Ингмар Бергман, шведскиот режисер, прикажувајќи го филмот „Персона“, снимен во 1966 година на остров на Балтичкото море каде живеел самиот автор, таму снимал филмови и таму бил погребан. .

-Почестен сум што сум гостин на овој голем и респектиран фестивал, особено што се одбележува јубилеј од раѓањето на големиот филмски, театарски режисер и сценограф, кој беше многу продуктивен. Филмот „Персона“ е еден од неговите најсложени филмови , но и еден од најкритизираните филмови. Но „Персона“ е психолошка драма која е Монт Еверест во филмската уметност. Филмовите на Бергман се многу длабоки, тој е фантастична личност, а чудно е што не доби „Оскар“, иако имаше 8 до 9 номинации. Но, тој не беше многу загрижен за тоа - изјави Амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура