X
 05.05.2017 Технологија

Кои информации под итно морате да ги избришете од Фејсбук?

Вистина е дека Фејсбук ја штити приватноста, меѓутоа одредени информации кои ги споделувате преку оваа мрежа, никој не би требало да ги знае.

Фејсбук освен што помага во „убивање“ на здодевноста, ја загрозува и Вашата приватност, општествениот, социјалниот и економскиот статус, живот, но и работносто место.

Роденден – особено ако го користите сопственото име и презиме ова е важна информација. Злонамерните хакери со неа можат многу лесно да дојдат до Вашата банкарска сметка.

Бројот на телефон – нема потреба Фејсбук да го знае Вашиот број на телефон. Зошто да ризикувате тој да дојде до некој што има намера да не Ви даде мир?

Повеќето од пријателите – според направени студии една личност може да развие 150 стабилни врски. Значи ако имате 3000 пријатели, само 4,1% се навистина корисни, а 13,6% од нив Ви даваат поддршка кога минувате низ емоционална криза. За да имате „здрав“ профил избришете ги они кои не Ви се потребни.

Фотографии од малолетни членови од семејството – ако поставувате фотографии од нив само повеќе ги изложувате на ризик. Опасностите демнат од секоја страна.

Во кое училиште учат тие деца – повторно, бројот на сексуалните предатори и напади на деца во близина на училиштата е зголемен. Последна работа што треба да ја откриете е каде Вашето дете учи.

Локација – ако ја прикажувате Вашата моментална локација им ја олеснувате работата на крадците.

Кога и каде одите на годишен одмор
– статистички, најмногу кражби по домовите се случуваат кога сопствениците се на одмор. Не заборавајте дека има луѓе кои го користат Фејсбук со лоши намери.

Дали сте во врска – славењето на врската на фејсбук не Ви гарантира дека таа ќе трае вечно. Ако дојде до прекин ќе бидете принудени да ги отстраните сите работи кои се поврзуваат со тоа.

Фотографии од авионски карти – луѓето со авионските карти се фалат дека одат негде далеку од дома. Баркодот на картите може да се искористи така што злонамерниот хакер преку него ќе ги добие Вашите лични податоци.

Ова се само основни информации. Бидете внимателни. Фејсбук овозможува да внесете многу информации кога креирате профил и непријатните нешта не се случуваат „таму некаде“, туку може да Ви се случат и Вам.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија