Неодамна, „Гугл“ наполни 25 години. Во тој период се случија многу промени на интернет, а една од нив е што оваа услуга стана најпопуларниот интернет-прелистувач.
Како што веројатно знаете, „Гугл“ бил основан во доцните 90-ти години од Лери Пејџ и Сергеј Брин како истражувачки проект на Универзитетот „Стенфорд“. Тие развиле алгоритам кој ги рангирал веб-страниците врз основа на бројот на дојдовни линкови од други веб-страници. Овој алгоритам се покажа како многу поефикасен од постојните алгоритми во тоа време.
Денес, „Гугл“ држи околу 92 отсто од пазарот за пребарување, а негов најголем ривал е „Бинг“, кој се користи во 3 отсто од случаите, додека на трето место е „Јаху“ со нешто повеќе од 1 отсто од пазарниот удел.
Името го добил по математичкиот израз „googol“, што значи број 1, проследен со 100 нули. Желбата на основачите била да покажат дека „Гугл“ е способен да организира огромна количина на информации.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik