Љубовните односи претрпеа доста промени во последните неколку децении. Токму тоа сакал да го испита и економистот Макс Розер, кој анализирал што мажите и жените очекувале од бракот во 1939 година, а што во 2008.
Како машко-женските односи еволуирале во текот на 70 години?
Во 1939 година за жените било најважно во партнерот да пронајдат личност на која ќе можат да се потпрат, додека за современите жени меѓусебната привлечност и љубовта се на прво место. Кога станува збор за мажите, нив некогаш им била важна емоционалната стабилност и зрелоста на партнерката, додека денес, како и кај жените, на прво место им е меѓусебната привлечност и љубовта.
Невиноста падна од 10 на 18 место на листата на карактеристики кои треба да ги има посакуваниот/та партнер/ка, но затоа добриот изглед стана доста важен - од 14 место стигна на 7 место кај жените, а од 17 на 12 место кај мажите. Интересно е тоа што денес е поважно жените да имаат желба за семејство и деца, па оваа карактеристика се пресели од 7 на 4 место на листата. За дамите тоа е помалку важно отколку претходно, па на нивната листа падна од 7 на 9 место.
Финансиите денес се многу поважни отколку претходно кај
двата пола, но не се од пресудно значење. Имено, кај мажите ситуираноста на партнерката стигна од 13 на 10 место, а кај жените од 17 на 12 место.