Скопје е меѓу најевтините градови за живот.
Не сакате да трошите многу пари за храна? Сакате да живеете поскромен живот? Ја мразите вашата недоволно платена работа? Откриен е најевтиниот град во светот за живеење, и тоа се одлични вести за сите што сакаат да се преселат.
Инвестициско-консултантската група „Мерсер“ неодамна го објави истражувањето за трошоци за живот и ги претстави 17. најевтини градови за живот во светот.
Истражувањето ги одредило резултатите со испитување на валутните флуктуации и општата инфлација на основните стоки.
Не изненадува тоа што повеќето од најевтините градови се наоѓаат во Африка и во Источна Европа. И покрај „вообичаените осомничени“, тие нема да останат евтини поради растот на населението и
економиите во развој. Нашиот главен град, Скопје, се најде на 11. место поради високата стапка на невработеност, поради што се намалени трошоците за живот.