X
 02.11.2018 Живот

Зошто на интелигентните луѓе им е потешко во животот?

Мислите дека на интелигентните луѓе им е полесно во животот? Размислете уште еднаш бидејќи со интелигенцијата доаѓаат и неочекувани лоши страни.

Многумина мислат дека за успешен живот е важна интелигенцијата. Донекаде е вистина, но луѓето не ни знаат дека интелигенцијата со себе носи и некои недостатоци. Во продолжение прочитајте ги лошите страни што со себе ги носи високата интелигенција.

Веројатно се ноќни птици

Истражувањата покажуваат дека луѓето со висок коефициент на интелигенција остануваат будни долго во ноќта, па подоцна се будат наутро. Експертите велат дека ова не треба да изненадува бидејќи интелигентните луѓе често ги избираат ноќните часови за читање, проучување, анализирање, пишување... Поради оваа работа, мозокот се буди, па потешко им е подоцна да заспијат. Лошата страна е тоа што квалитетниот ноќен сон е особено важен за здравјето и нормалното човечко функционирање.

Тешко пронаоѓаат партнер

Уште една „лоша страна“ на интелигенцијата е социјалната неснаодливост, особено во текот на средното училиште, па и третата деценија. Кај некои ова трае и цел живот бидејќи секогаш се чувствуваат подобро во сопствено друштво или во друштво на добро познати луѓе. Лошата страна е што интелигентните луѓе во овој случај тешко запознаваат партнери и партнерки бидејќи се повлечени и имаат високи критериуми.

Лажењето им е добро познато

Интелигентните луѓе обично знаат дека се најпаметни во просторијата. На некои луѓе тоа ништо не им значи и нормално се вклопуваат во општеството во кое се наоѓаат. Но, некои го користат својот интелект за на некој начин да ги злоупотребуваат другите. Со други зборови, им се обраќаат од високо, им кажуваат паметни поими, а често и лажат за да постигнат подобар ефект во нивниот говор.

Веруваат во неверојатни работи


Неколку истражувања покажале дека интелигентните луѓе веруваат во прилично чудни работи. На пример, испитаниците на едно истражување верувале дека чудовиштето на фотографијата е вистинско иако станувало збор за фотомонтажа. Експертите не знаат зошто е така, но сметаат дека би можело да има врска со претераната самодоверба, односно апсолутната увереност на паметните луѓе во нивниот интелект дури и кога ги лаже.

Склони се кон автодеструктивност

Интелигентните луѓе се дистанцираат од опасни работи бидејќи тоа е прилично логично, нели? Можеби така се чини бидејќи паметните луѓе гледаат и знаат, па избегнуваат опасни и нездрави работи, но реалноста е различна. Зошто? Затоа што постои нешто што се вика љубопитност што интелигентните луѓе ги води во комплицирани и опасни ситуации, како зависност од дрога. Неколку истражувања покажуваат дека интелигентните луѓе се склони кон автодеструктивност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот