Успешно ја завршив градинката во 70-тите години. Добив златен медал само еднаш, а потоа ништо повеќе.
Од студент со доста светла иднина, станав просечен
студент - иако во сите мои образовни години јас паднав само по два предмети: физика, каде наставникот ми пиша пониска оценка поради тоа што кажав шега за време на часот, и воена обука откако кажав шега во врска со мечот на воениот службеник.
Навистина, шегите ми донесуваа толкава неволја, што понекогаш посакував да не се шегувам толку. На крајот дипломирав и добив две дипломи - за новинарство и за моден дизајн. Сакам да кажам дека и не завршив толку лошо.
Спротивно на тоа, мојот сопруг Јероен од Холандија исто така не бил добар на училиште но бил доста среќно дете. После училиште си играл Тарзан со неговите пријатели, се качувал на дрвја и паѓал во калта. Неговата мајка воопшто не паничела кога ќе го видела цел под со кал, ниту пак тогаш кога Јероен паднал од дрво и си ја скршил раката. На многу рана возраст Јероен знаел дека сака да работи со рацете и храната. Прво сакал да стане фармер кој ќе одгледува зелки, но со охрабрување од неговите родители, тој стана готвач.
Со оглед на тоа што и двајцата не бевме најдобри ученици/студенти, ние не вршиме притисок врз нашите деца да бидат најдобри.
На почетокот Бен и Маркус дома носеа високи оценки и признанија, но како што растеа, така нивните оценки стануваа просечни, а понекогаш и едвај поминуваат. Но, ниту еден од нив - ниту Христијан, никогаш не паднале некој предмет. Бидејќи после раното будење, лошиот сообраќај, неколку часовното училиште и менторот, се` што сакам е тие да се опуштат.
Навистина мразам кога наставниците им дваат домашна работа за која мора да им помогнеме ние, бидејќи сметам дека јас завршив со моето учење и училиштето и не сакам да им ја пишувам нивната домашна задача.
Мојот сопруг немаше домашни задачи но имаше спокојно детство. А денес тој е на чело на компанија во која има стотици вработени. И тој не заврши лошо.
Домашната работа не е се`. Целта е нашите деца да се среќни, да живеат во среќно семејство и среќни домови - всушност тоа е најважно. Tокму тоа го покажува и видеото подолу.