Со два бронзени медали се закити македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада што до денеска се одржа во Кишинев, Молдавија. Лука Грашкоски, ученик во втора година во гимназијата „Нова“, и Ќендреса Селими од приватната гимназија „Јахја Кемал“ од Скопје ќе се вратат со бронза. Во шестчлениот тим учествуваа и: Михаела Хаџиска, Анастасија Тортевска, Христина Митреска и Алек Јармов, а нивни ментори беа професорите Даниел Велинов и Самоил Малчески.