Тајландскиот крал се ожени со заменичката на командантот на единицата која се грижи за неговата безбедност и ја прогласи за кралица, соопшти кралската фамилија. Таа вест беше изненадување за јавноста, а беше соопштена пред неговото официјално крунисување.
Кралот Маха Ваџиралонгкорн (66) претходно беше оженет трипати и има седум деца.
- Кралот реши да се ожени со генерал Сутида Ваџиралонгкорн На Ајудија и да ја прогласи за кралица, па таа ќе има кралска титула и статус како дел од кралската фамилија - стои во соопштението.
Кралицата Сутида и кралот Ваџиралонгкорн неколку години беа во врска и често беа забележувани заедно во јавност, иако досега тоа не беше официјално објавено.
На фотографиите од венчавката може да се видат и други членови на кралската фамилија, како и обред во текот на кој кралот ја посипува кралицата со света вода, а таа ползи пред него.
Фото: Noizz
Ако добро ги загледате фотографиите, ќе забележите дека Сутида на сите фотографии изгледа тажно и покрај тоа што тоа би требало тоа да биде еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.
Во 2014 година кралот ја именуваше Сутида Тиџаи, поранешна стјуардеса, за заменичка на командантот на неговото обезбедување. Таа е именувана за генерал на војската во декември 2016
година.
Има шпекулации дека таа била омилената љубовница на кралот и дека често престојувале во Германија, каде што можеле да се сокријат од јавноста. Фотографиите од нивните заеднички патувања го прикажуваат кралот со многу тетоважи, во фармерки, додека Сутида носи високи потпетици, има разголен стомак и носи тесни панталони.