X
 03.10.2018 Живот

Кралицата Елизабета Втора открила сѐ за најлошиот ден во нејзиниот живот

Во историјата кралицата Елизабета Втора одамна е запишана како најдолговечниот монарх - на тронот седи повеќе од 66 години. Низ тие години поминала и доживеала многу работи, имала многу убави и лоши моменти, а сега открива кој бил најлошиот ден во нејзиниот живот.

кралица
Фото: Profimedia


За ова прво прозборувал Ендрју Паркер Боулс, поранешниот сопруг на Камила Паркер, денешна сопруга на принцот Чарлс. Токму тој открил дека кралицата Елизабета Втора и ден-денес со скршено срце се потсетува на бомбашките напади на Лондон што се случиле во 1982 година. Сѐ започнало на 20 јули 1982 година кога наследниците на терористичката организација ИРА детонирале две бомби за време на воената церемонија во Лондон. Првата бомба експлодирала во Хајд парк, а втората во Регент парк и однеле 11 животи.

Самиот настан оставил длабоко влијание врз кралицата.

- Ми рече: „Ова е најлошиот ден во мојот живот“ - откри Ендрју Паркер Боулс, кој тој ден бил задолжен за коњицата.

- Беше прекрасен сончев ден кога ја слушнавме првата експлозија. Некој рече дека е активирана бомба. Истрчавме до местото од каде што излегуваше чад. Првиот коњ што го видов беше Сефтон со огромна крвава дупка во телото, но успеа да се извлече - се потсетува Ендрју, додавајќи дека Сефтон успеал да преживее, но седум други коњи не.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот