X
 14.06.2022 Култура

Кралицата Елизабета е вториот најдолговечен монарх во историјата

Британската кралица Елизабета Втора стана вториот монарх со најдолг стаж во историјата. Таа успешно владее веќе 70 години и 127 дена, а улогата на монарх повеќе од неа ја извршуваше само Луј XIV, кој бил крунисан на четири години.

Во неделата кралицата се изедначи со должината на своето владеење со тајландскиот крал Пумипон Адуњадет, кој почина во 2016 година.

Минатиот викенд низ Велика Британија заврши четиридневното одбележување на платинестиот јубилеј, односно седум децении владеење на 96-годишната кралица.

Доколку кралицата остане на власт до мај 2024 година, ќе ја преземе титулата најстар владејачки монарх на модерното време.

Луј XIV владеел 72 години и 110 дена, од 1643 до 1715 година, но самостојно почнал да владее дури во неговите дваесетти години, поточно во 1661 година.

Кралицата Елизабета Втора стана монарх на 25-годишна возраст, по смртта на нејзиниот татко, на 6 февруари 1952 година.

Во септември 2015 година таа стана британскиот монарх со најдолго владеење кога го надмина владеењето на нејзината прабаба, кралицата Викторија.

Таа тогаш рече дека тоа не е титулата кон која се стреми. На тој ден таа стана жената со најдолг стаж на тронот во светската историја.

Меѓу постигнатите рекорди на кралицата Елизабета е и тој дека таа е најдолго владејачката кралица, како и најстариот британски монарх.

Секако, поради здравствени проблеми, во последно време таа презема помалку службени должности, а членовите на нејзиното семејство, особено принцот Чарлс и Камила, преземаат поважна улога.

Таа воодушеви многумина појавувајќи се на балконот на Бакингемската палата за време на јубилејниот викенд, а сѐ уште не е познато кога следно ќе се појави во јавноста.

На крајот на јубилејниот викенд таа во писмото со благодарност до британската јавност рече дека „се чувствува понизно“ и дека е „длабоко трогната“ од бројот на луѓе што го прославија нејзиното долгогодишно владеење.

Иако не присуствуваше на некои настани, рече дека со срцето била присутна.

- Останувам посветена да ви служам најдобро што можам, со поддршка од моето семејство - додаде таа.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура