X
 30.09.2017 Култура

Редок поглед во секојдневието на Северна Кореја

1
Фото: NK news

Додека во глобалните наслови доминираат Доналд Трамп и Ким Јонг-ун, кои се закануваат со меѓусебно уништување, секојдневниот живот во Северна Кореја продолжува нормално.

Фотографиите направени во септември, за време на посетата на тим од Ен-кеј њуз, покажуваат како луѓето нормално си го живеат животот.

Овие Севернокорејци имаат пикник близу водопадот Улим, близу пристанишниот град Вонсан. Со храна, пиво и караоке, тука воопшто не се чувствува дека тензиите имаат некакво влијание врз расположението на граѓаните.

2
Фото: NK news

Децата на фотографијата се наоѓаат во камп и носат светли спортски тренирки - ако погледнете одблиску, ќе забележите дека тренирките ги имаат логоата на западните брендови, како „Најк“ и „Адидас“.

3
Фото: NK news

Овој голем патнички брод се користи за поврзување на Вонсан со јапонското пристаниште Ниигата. Сепак, поради санкциите во 2006 година, се затвори фериботската служба. Тоа значи дека бродот со години е закотвен во Вонсан, но сè уште има екипаж.

4
Фото: NK news

Школките се популарно јадење особено во крајбрежните градови на земјата. Повеќето од нив обично се наменети за извоз и не се за локалното население. Од последната рунда санкции од ОН, на почетокот на август се забрани цел извоз на морска храна, па тие сега се повеќе достапни за локалниот пазар.

4
Фото: NK news

Долго време електричните велосипеди увезени од Јапонија или Кина можеле да се најдат само во главниот град. Но денес тие можат да се забележат и во помалите градови, што сугерира дека постои економски развој и надвор од Пјонгјанг.

5
Фото: NK news

Но транспортот останува исклучително основен. Многу градови имаат безброј велосипеди, а тука човек користи количка влечена од бик за транспорт на стари картони за рециклирање.

6
Фото: NK news

Жената во центарот на фотографијата има пластична кеса од јапонско-кинескиот бренд „Минисо“. Овој бренд ја отвори својата прва продавница во главниот град Пјонгјанг оваа пролет. Но поради построгите санкции, продавницата оттогаш го промени своето име.

8
Фото: NK news

Додека животот во голема мера се чини нормален, постојат знаци дека долгиот период на санкции си го зел данокот. Некои бензински пумпи се затворени, а недостигот од електрична енергија доведе до тоа луѓето да постават мали соларни панели на нивните прозорци - како што може да се забележи во овој стан во близина на јужниот пограничен град Каезонг.

9
Фото: NK news

И покрај економските тешкотии, пропагандната машина продолжува. Секоја година Денот на основањето се прославува со масовни танци во главниот град. Оваа млада жена се подготвува за изведбата.

9
Фото: NK news

Заканата од надворешниот свет секогаш е присутна. Затоа постојат антиамерикански транспаренти со патриотски слогани, а владините лидери ги носат гостите во таканаречениот Музеј на ослободителната војна на татковината.

Северна Кореја инсистира на тоа да остане подготвена за војна. На сликата подолу е еден од многуте резервоари. Структурата има експлозиви на дното што во случај на инвазија ќе направи огромен структурен колапс на патот за да ги блокира непријателските тенкови.

10
Фото: NK news
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура