Оваа година беше плодна во филмската индустрија, особено кога станува збор за документарците. Веб-страницата „Гардијан“ ги издвојува најдобрите документарци за 2020 година.
„Collective“
Режисерот Александар Нанау го следи истражувачкиот тим на романскиот весник „Газета спортурилор“ додека се обидува да открие огромна измама во здравството што ги збогати магнатите и политичарите и доведе до смрт на невини граѓани.
„All In: The Fight for Democracy“
Документарец што ја разгледува историјата и моменталниот активизам против сузбивање на гласачите; бариери за гласање за кои повеќето луѓе воопшто не знаат дека се закана за нивните основни права како граѓани на САД.
„Time“
Фокс Рич се бори за ослободување на нејзиниот сопруг Роб, кој служи 60-годишна затворска казна.
„Boys State“
Илјада 17-годишници од Тексас се здружуваат за да изградат репрезентативна влада.
„Through the Night“
Документарецот што ја прикажува личната цена на модерната економија преку приказната на две мајки што работат.
„Disclosure“
Длабок поглед на холивудскиот приказ на трансродовите луѓе и влијанието на тие приказни врз трансродовите животи и американската култура.
„On the record“
Поранешна директорка одлучува да објави дека е силувана од страна на еден од најмоќните мажи во музичката индустрија.
„The Painter and the Thief“
Уметник се спријателува со крадецот што му ги украл сликите.
„The Scheme“
Овој документарен филм на Ејч-би-о ја прикажува сеопфатната тајна истрага на ФБИ во врска со корупцијата во кошарката на колеџите која доживеа драматична точка на 26 септември 2017, кога беа уапсени директори на Адидас и помошници на тренерите од големите колеџи поради измама од типот „плати за да играш“.
„Crip Camp“
Документарецот ја раскажува приказната за летниот камп за тинејџери со попреченост, кој ги трансформирал нивните животи создавајќи значајно движење.
Извор:
The Guardian
Фото: Screenshot/YouTube