Министерството за образование и наука отвора адреса за пријавување насилство во училишта,
prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно
paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде што може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.
-За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко - изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.