X
 05.06.2019 Живот

Беверли Хилс речиси целосно забрани продажба на цигари

Беверли Хилс стана првиот американски град што одлучи речиси целосно да ја забрани продажбата на тутунски производи.

Градското собрание денеска едногласно гласаше за забрана на продажба на цигари, пури и други производи од тутун, почнувајќи од 2021 година.

Забраната се однесува на продажба на бензински пумпи, во аптеки, драгстори и супермаркети, а не се однесува на хотели и три салони за пушење во тоа богато и гламурозно предградие на Лос Анџелес.

Исклучокот за хотели е донесен за да се приспособи кон туристите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот