X
 27.01.2017 Живот

Планот на Финска за свет без цигари

Финската влада постави амбициозна цел за нејзините жители, во обид да придонесе за нивното здравје - и нивните банкарски салда.

Претставниците имаат за цел државата да функционира без тутун и цигари. Тие сакаат помалку од 2 отсто од возрасните луѓе да престанат да консумираат тутун, цигари, пури па дури и е-цигари до 2040 година.

Стапката на пушачите во Финска е во опаѓање во последните неколку децении, поради мерките како што се забрана за рекламирање и прикажување на цигари во продавниците, како и јавни места на кои е дозволено пушење. Во 2013 година, 16 отсто од 15 до 64 годишните Финци пушеле на дневна основа, додека во Велика Британија, 19% од возрасните биле пушачи во 2014 година.

Но, со почетокот на оваа година, стапи во сила ново ниво на мерки на контрола.

„Финскиот пристапе револуционерен“, вели Кари Пасо, шеф на одделот за превенција при Министерството за здравство и социјална политика на земјата. „Сакаме да се ослободиме од сите тутунски производи“.

Експертите се согласуваат дека финската влада користи иновации и креативност за секој да се откаже од оваа навика.

Наместо да таргетира една област, како што е дозвола за пушење на јавни места или употреба на цигари, Пасо вели дека неговото министерство сака да биде претпазливо од секој агол. Министерството не сака да воведе поблаги мерки и производи кои би нанеле помалку штета, како што се е-цигарите.

И Шведска забележува драматично намалување на бројот на пушачи - 12.7 отсто меѓу мажите и 15.2 отсто меѓу жените во 2013 година - овие резултати ги постигна делумно поради употребата на снус, производ за орална употреба, која не содржи тутун.

Меѓутоа Финска не се стремикон тоа. „Не сакаме да паднеме во стапицата на другите политики кои имаат помалку штетни политики“, вели Пасо, кој стравува дека промовирањето на другите производи ќе резултира со нова зависност со која здравствените работници ќе треба да се справуваат во иднина. „Сакаме да ги искорениме сите производи“, вели тој.

И искоренувањето почна.

Зголемување на цената на цигарите


Експертите се согласуваат дека една од најсилните политики во однос на контрола на тутунот на глобално ниво е оданочувањето. Зголемувањето на цената на оваа навика, значи дека многу луѓе повеќе не можат да си дозволат да пушат, а оние кои можат да пушат овозможуваат приходи за кампањи против пушењето и центри за откажување од оваа навика.

„Доказите покажуваат дека зголемувањето на цените на цигарите е единствен најефикасен начин за намалување на побарувачката“, вели Вон Рис, директор на Центарот за глобална контрола на тутунот на Школата за јавно здравје при Хавард.

Меѓутоа, Финска воведува уште една голема финансиска бариера за корисниците - им ги зголеми трошоците на продавачите кои продаваат производи со тутун.

„Има доста висока такса за лиценца и продажба на производите со тутун“, вели Пасо.

цигари
Фото: Pixabay

Секој бизнис кој сака да продава тутун мора прво да аплицира и да плати за лиценца, еднократен процес, меѓутоа потребно е да се плати и дополнителен надомест годишно за да ги покрие трошоците за инспекторите за надзор во секоја од општините кои проверуваат дали трговците на мало ги почитуваат правилата.

Висината на надоместокот е одреден од индивидуални општини, а не државата. „Ова резултираше со критики од страна на сопствениците на мали и големи продавници кои се жалат дека таксите се доста повисоки од минатата година. Меѓутоа, тоа и беше идејата“, вели Пасо.

Така на пример, една продавница со 10 каси ќе треба да плати 5.000 долари годишно за да може да добие лиценца за продажба на цигари.

Балкони и автомобили каде цигарите се забранети

Друг уникатен пристап на скандинавските земји се однесува и на приватниот простор на  луѓето. Освен јавните места, сега и балконите и автомобилите се зона во која е забранета пушењето.

„Можете да аплицирате за забрана. Не е голема промена, меѓутоа овие мерки се доста нови“, вели Пасо.

Финците исто така повеќе не смеат да пушат во приватните автомобили доколку се присутни деца под 15 години. Ова не е уникатна мерка - и земји како Велика Британија воведоа забрана во автомобилите при присуство на деца.

Спречување на желбата за пушење кај малолетниците


Една клучна стратегија за искоренување на пушењето, во пристапот на Финска, е намалувањето на бројот на тинејџери кои започнуваат да пушат, со намалување на присуството и со тоа и желбата за пушење кај тинејџерите.

Како резултат на тоа, новите политики ограничуваат купување на производи кои ги имитираат цигарите, како што се слатки и чоколадо во облик на цевки или цигари. Иако овие производи не се забранети, тие се соочуваат со рестрикции. Така на пример, продавниците каде клиентите добивале попусти преку употреба на картичка, не може да добијат попусти за вакви производи.

Меѓутоа со многу поголеми рестрикции се соочува индустријата за е-цигари. „Е-цигарите се продаваат во обични продавници, меѓутоа имаат строги правила“, вели Пасо.

Заклучно со август, е-цигарите добија исти ограничувања во однос на продажбата и јавната употреба како и обичните цигари како што се граници за возраст како и тоа дека повеќе не смеат да користат вкусови.

„Е-цигарите повеќе не смеат да имаат различни вкусови“, вели Пасо додавајќи дека нивниот пристап е да ги искоренат сите никотински производи.

Глобална мисија


Финска не стои сама кога станува збор за намалување на пушењето и навиките поврзани со пушењето.

Хенинг и Рис ја споменуваат Австралија, каде обично пакета цигари во комбинација со оданочувањето помогна рапидно да се намали бројот на пушачи. Во 2014/15 само 14.7 отсто од возрасните над 18 години пушеле на дневна основа - помалку од Финска.

На другиот крај на спектарот се наоѓа Кина. После порастот на побарувачката за производи од тутун во последниве години, три градови забраниле пушење внатре и на јавни површини, вклучувајќи го и Пекинг.

„Смртните случаи поврзани со пушењето се зголемува бидејќи стапките на машки пушачи се доста високи“, вели Хенинг. Во Кина, повеќе од 1.3 милиони луѓе секоја година умираат поради болести поврзани со тутунот - дури 45 отсто од мажите се пушачи.

„Ние сме оптимисти дека овие градови ќе бидат лидери кон патот до општество без цигари“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот