X
 13.12.2022 Здравје

Видео ја покажува штетата што ја прави само една кутија цигари врз белите дробови

Сите знаат дека пушењето цигари е штетно за здравјето на човекот, особено за белите дробови.

Со цел да поттикне повеќе луѓе да се откажат од пушењето, корисникот на „Јутјуб“, Крис Нотап, објавил видео кое ја покажува штетата што ја прави само една кутија цигари на белите дробови.

Во видеото, сад полн со памук ги симулира белите дробови, а воздушна пумпа го симулира процесот на вовлекување чад од цигари. По експериментот содржината на садот ја сменила бојата, а се појавил и талог сличен на оној што се собира во грлото на пушачите.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје