Индиската полиција уапси десетмина студенти откако биле фатени како на телефон ја играат играта „ПлејрАнноун'с батлграундс“ (PlayerUnknown’s Battlegrounds) или скратено ПУБГ. Индиската сојузна држава Гуџарат минатата недела ја забрани оваа игра поради загриженост дека создава зависност и е премногу насилна. Студентите подоцна биле пуштени со кауција.
Тие наводно биле толку внесени во играта што не ни забележале дека полицијата им се приближува за да ги уапси.
ПУБГ сè уште е легална во преостанатите делови на Индија, но Гуџарат ја издвои откако родителите и просветните работници се пожалиле дека играта е премногу насилна и дека им го одвлекува вниманието на учениците. Во февруари еден министер од оваа сојузна држава за играта рече дека е демон во секој дом.
Минатиот месец компанијата што ја создаде играта, „Блухол“, објави соопштение за да одговори на загриженоста во Индија истакнувајќи дека веруваат оти е многу важно да бидат одговорен член на гејмерскиот екосистем. Од компанијата истакнаа и дека за да му стават крај на тоа, тие постојано соработуваат и ќе продолжат да соработуваат со родители, едукатори и владини тела и дека го слушаат нивниот фидбек.
Во меѓувреме, конкурентната игра „Фортнајт“ се нема соочено со законски рестрикции. За тоа може да има неколку
причини, како на пример тоа што дава понереално чувство од реалистичкото насилство во ПУБГ.