X
 05.06.2021 Технологија

Нов електричен автомобил ќе копа криптовалути додека е паркиран

Канадската автомобилска компанија „Дејмак“ штотуку објави дека ќе го произведува првиот автомобил што ќе може да копа криптовалути додека е паркиран. Најновиот модел на електричен автомобил „спиритус“ на компанијата ќе може да копа доџкоини, биткоини, етериуми и кардано.


Фото: Daymak

Претседателот на „Дејмак“, Алдо Бајоки, ја замислува иднината како место на кое патарините, паркингот и нарачките на храна ќе може да се плаќаат со криптовалути со едноставно поминување на автомобилот. Освен тоа, повеќето автомобили денес не се корисни додека седат во гаража, а овој ќе создава пари додека е паркиран со копање криптовалути.

Компанијата веќе прима нарачки, а може да се плати и со криптовалути. Потребно е да се остави депозит во вредност од 100 долари за да се направи нарачка. Компанијата веќе собрала 340 милиони долари од депозити за нарачки на автомобилот, кој треба да биде претставен во 2023 г.

Извор: luxurylaunches.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија