На 2 и 3 декември „Ford“ ќе одржи меѓународна работлница за иновации во Ахен, Германија. Работилницата со тема „Истражување и напредно инженерство за ефикасност“ има цел да ги покаже иновативните, еколошки и паметни решенија за сегашноста и иднината зад кои стои „Ford“.
48-часовната работилница ќе собере медиуми од најголемите пазари на „Ford“ во светот, а како претставник од Македонија ќе присуствува „
Fakulteti.mk“.
Од четирите столбови врз кои се засноваат иновациите на „Ford“ (паметно, квалитетно, безбедно и еколошки оддржливо) работилницата ќе се фокусира на еколошките и паметните иновации во областа на автомобилската индустрија.
Сите новинари ќе имаат можност да ги погледнат и тестираат новостите во поглед на технологијата за емисија на Дизел, технологијата за лесни и обновливи материјали, автоматизација и др.
„
Fakulteti.mk“ ќе известува за настанот директно од Ахен, Германија.