Живееме во време на неверојатни технолошки иновации, а блокчејн-технологијата е нешто на што сите треба да посветиме внимание. Големи се шансите дека веќе сте слушнале за оваа технологија или дека барем знаете за биткоин.
Со блокчејн-технологијата може да се прават трансакции, а најчесто се користи за трансакции со криптовалути, но програмерите работат и на начини за поинакво користење на технологијата. Блокчејн-технологијата се користи како алатка за создавање решенија во светот на финансиите, логистиката, па дури и здравството.
Фото: Pixabay
Не е претерување да се каже дека блокчејн-технологијата има
светла иднина и не е предоцна да се запознаете со неа. За почеток, може да научите повеќе за оваа технологија со следните курсеви.
Комплетен водич за користење на блокчејн-технологијата
Како што беше споменато, блокчејн-технологијата е добра за повеќе од криптовалутите, а овој курс ги анализира сите нејзини примени. Курсот е креиран од консултантската компанија „Ви-ту-блокс“.
Комплетен професионален курс за блокчејн-технологија
Курсот трае 77 часа и претставува комплетен вовед во технологијата и нејзините примени.
Фото: Pixabay
Научете програмирање на блокчејн-технологија со „Хиперлеџер компоузер“
Програмерите заработуваат многу кога работат на апликации со блокчејн-технологија. Овој курс ќе ве научи да програмирате со алатките на „Хиперлеџер компоузер“.
Комплетен курс за криптовалути
Секако, учењето за блокчејн-технологијата не би било комплетно доколку не се фрли поглед на криптовалутите. Овој курс е воден од Крис Херун, кој е универзитетски професор и писател. Во курсот ќе научите за основите за криптовалутите и инвестирањето во нив.
Извор:
futurism.com