Дали тутунот би можел да помогне во борбата против коронавирусот? Се чини да. Научници во Шпанија ги спојуваат молекуларната технологија и земјоделството за да помогнат во создавањето вакцини и антитела.
Тим научници на институтот за молекуларна и клеточна биологија во Валенсија користат најнови техники за да го сменат геномот на nicotiana benthamiana или Бентамов тутун за да создадат уникатни молекули кои може да се користат во борба против болести.
Фото: YouTube
- Многу лекови кои ги користиме денес се добиени од растенија, но сега благодарејќи на биотехнологијата, можеме да произведуваме други супстанци од растенијата, различни од оние кои тие ги произведуваат природно. Тоа го правиме со ставање генетски материјал во нивниот геном. Тој содржи информации кои го овозможуваат создавањето на лекови како антитела, вакцини и други производи - вели Диего Орзаез, истражувач кој работи на проектот на институтот.
Бентамовиот тутун природно расте во Австралија и се користи за производство на вакцини и антитела за вируси како еболата. Со вбризгување на генертски материјал во неговите листови, гените на растението може да бидат модифицирани за да се создаваат специфични фармацевтски производи во големи колични.
Многу експерти се надеваат дека оваа техника може да помогне во побрзото создавање на вакцина за Ковид-19. Според експертите, овој пристап има повеќе предности, меѓу кои и можноста да се произведуваат големи количини на потребниот протеин. Освен тоа, овој метод бара помалку финансии за да се спроведе и е безбеден.
Истражувачите велат дека во моментов има повеќе групи низ светот кои се обидуваат да создадат вакцина за новиот коронавирус со помош на ова растение.
Автор: Клаудио Росмино
Извор:
euronews.com