X
 19.09.2023 Живот

Што се случува со нашето тело кога работиме работа што не ја сакаме?

Веројатно и самите знаете колку е страшно да се оди на работа со грч во желудникот. Си велите дека ќе преживеете и дека можете да издржите, но работата што ја мразите може лошо да влијае врз вашето тело. Еве кои симптоми се јавуваат кога ја мразите вашата работа:

Не можете да спиете

Клиничкиот психолог Моник Рејнолдс вели дека често првото нешто на што се жалат луѓето кои се незадоволни од својата работа е несоницата. Луѓето велат дека се будат среде ноќ размислувајќи за својата листа со задачи. Неколку немирни ноќи не се голема работа, но ако тоа стане шема, може да биде знак дека стресот на работа станал токсичен.

Имате главоболка

Нашите мускули се напнати за да го заштитат телото од повреди. Кога го гледате работното место како опасна зона, вашите мускули остануваат затегнати. Хроничната напнатост во вратот, рамената и главата може да биде поврзана со мигрена и главоболки.

Почесто сте болни

Ако постојано сте настинати, размислете како се чувствувате на вашата моментална работа. Голем број истражувања покажуваат дека хроничниот стрес може да го загрози имунолошкиот систем, што ве прави поподложни на болести.

Стомакот ви се грчи

Запекот и надуеноста може да се поврзат со стресот бидејќи стресот влијае врз варењето на храната и може да ги промени нашите цревни бактерии, што влијае врз нашето расположение. Ова е причината што може да добиете стомачни болки кога сте вознемирени.

Вашиот апетит се менува

Вашиот апетит е тесно поврзан со вашиот мозок. Под акутен стрес, вашиот одговор на борба или бегство ослободува адреналин, велејќи му на вашето тело да го потисне варењето за да се фокусира на спасување од воочената опасност.

Меѓутоа, под продолжен стрес, надбубрежните жлезди на вашето тело се ослободуваат и создаваат кортизол, хормон кој може да го зголеми гладот. Кога вашата работа ви предизвикува долгорочна емоционална вознемиреност, можете да се свртите кон утешна храна.

Покрај тоа, консумирањето слатка храна може да ги затапи реакциите и емоциите поврзани со стресот, поради што често се гледа како на храна за удобност, но тоа е нездрава навика која треба да ја избегнуваме.

Извор: Mojfaks.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот