X
 12.08.2018 Живот

Спиењето во текот на работното време повеќе не е невозможно

Експертите предлагаат 7 до 9 часа квалитетен сон за организмот да може да функционира добра и да останете здрави. Но колку луѓе навистина успеваат секој ден да си „дозволат“ вакво нешто? Многу малку.

Проблемот настанува кога одете на работа ненаспани, а потребна ви е целата можна концентрација за да ги извршувате работните задачи како што треба.

Во Лондон постои решение. Новата компанија „Помини и наспиј се“ го развива својот бизнис врз основа на заморот на вработените.

spienje
Фото: New York Times


Новоотворените мини спални, во квартот Шордич, за околу 20 евра на час, ги нудат сите услови за мирен сон - целосна тишина, мирис на лаванда и темна просторија.

Ко-основачот Маурицио Виламизар вели дека спалните се мирно место среде градската врева, кои го менуваат урбаниот пејзаж.

-Нашите клиенти не се некои луѓе кои заработуваат многу. Напротив, тоа се луѓе кои имаат просечна плата, но им е потребен одмор во текот на денот - вели Виламизар.

Како што додава, тие нудат мирно место бидејќи иако можете да преспиете во паркот на клупата, вревата нема да ви дозволи целосно да се опуштите, додека нивните спални го овозможуваат токму тоа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот