X
 05.07.2019 Технологија

Кина ги скенира мобилните на туристите

Кинеската гранична полиција инсталирала шпионски софтвер на мобилните телефони на туристите што влегуваат во земјата.

Службениците барале од туристите да им ги дадат телефоните и лозинките пред да влезат во Кина, а подоцна им ги враќале. Притоа, тие ги скенирале содржините на ајфоните и инсталирале шпионски апликации на уредите со оперативен систем „Андроид“.

Апликацијата со ознака „BXAQ“ (Fēng cǎi) собира телефонски контакти, текстуални пораки, историја на повици, внесувања во календар, кои апликации се инсталирани на телефонот, како и кои кориснички имиња се користат во апликациите. Потоа, податоците ги поставува на сервер.

Апликацијата би требало да биде избришана откако ќе заврши со скенирање на телефонот. Но, се чини дека одредени припадници на граничната полиција во некои случаи заборавиле да го направат тоа, па така оваа „полициска акција“ била откриена.

Познато е дека Кина спроведува интензивен надзор над муслиманските етнички малцинства што живеат во Синкјанг.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија