Функцијата наречена „Отстрани го овој резултат“ (Remove this result) моментално е во фаза на бета-тестирање. Оваа функција може да биде корисна алатка за бришење на некои од вашите лични податоци од пребарувањето на „Гугл“.
Но, тоа не значи дека податоците се отстранети од веб-просторот или од одредена веб-локација. Податоците и понатаму ќе постојат, но нема да се појават кога ќе го внесете вашето име во гугл-пребарувачот, што ќе им отежне на луѓето да ги најдат тие информации.
Постојат неколку начини на кои можете да поднесете барање за отстранување.
Ако сакате да го отстраните само вашиот телефонски број или е-адреса, еве како можете да го направите тоа:
- Пребарајте го вашето име на „Гугл“;
- Кликнете на трите вертикални точки покрај веб-страницата на која се наоѓаат податоците што сакате да ги отстраните;
- Кликнете „Отстрани го резултатот“ (Remove the result) во горниот десен агол;
- Ќе се појават пет опции. За телефонскиот број, е-адресата и домашната адреса изберете „Ги покажува моите лични податоци“ (It shows my personal contact info). За други барања, притиснете со стрелката покрај другите полиња;
- Кликнете со стрелката десно и потоа „Продолжи“ (Continue) трипати откако ќе ги прегледате условите на „Гугл“ и најавете се на гугл-сметката што сакате да ја поврзете;
- Внесете ги вашето име и соодветните информации за контакт со она што сакате да го отстраните. На пример, ако се обидувате да го исчистите вашиот личен телефонски број, проверете дали е внесен;
- Кликнете „Продолжи“ (Continue);
- Ако сакате да ги прегледате вашите барања, кликнете на полето „Оди на барањето за отстранување“ (Go to removal request).
Постапката може да потрае неколку дена. „Гугл“ ќе ве извести за одлуката за отстранување преку е-адресата што ја внесовте.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik