05.07.2019
Корчагинци во недела ќе го испратат нивниот омилен професор
Професорот Стефан Сидовски ќе биде погребан во недела на 7 јули. Сите кои сакаат да му оддадат почит можат да ја проследат службата, која ќе започне во 10:20 часот во капелата на градските гробишта Бутел.
„Стефан Сидовски почина на 72-годишна возраст. Зад себе остави голем печат. Сидо беше наш омилен професор, кој во неговата долга кариера обликуваше многу генерации. Нѐ учеше за филозофијата, филмот, уметноста, животот, смртта и слободата. Во нашите сеќавања ќе остане вечно свој – праведен, инспиративен и слободен. Токму затоа, во недела нема да жалиме за неговата смрт, туку заедно ќе го одбележиме неговиот живот и големо дело.“ - велат Корчагинци.