X
 05.07.2019 Живот

Планирате патување? Прво погледнете што не смеете да правите во европските земји

Веројатно една од најголемите фрустрации при заминувањето во странство е кога ќе ве застане полиција. Знаете дека следува прилично висока казна, главно во евра. Сообраќајните знаци знаеме да ги читаме, но во многу европски земји во сила се правила што и не се баш вообичаени, па затоа е добро да се запознаете со нив.

Во Албанија толеранцијата на алкохол во возење е 0,01 промили, што е речиси како да нема толеранција.

Ако во Белорусија, Бугарија, Русија и во Романија возите неизмиен автомобил, тоа се класифицира како технички неисправно возило, по што ви следува казна.

Во Бугарија во еднонасочните улици можете да паркирате само на левата страна.

zemji

Во Кипар е забранета употреба на свирките во населбите и во близина на болницата. На возачите им е забрането да јадат во автомобил. Исто така, користење на раката за да изразете негодување е недозволено - тука се вклучени и средниот прст, заканувачкото мавтање и останатиот наш богат репертоар од невербални навреди и закани.

Во Франција не смеете да имате слушалки на ушите. Ако ви светат возачите од спротивната насока, тоа не е знак за нивната добра волја и нема да ве пуштат - тоа го прават затоа што сакаат тие први да поминат. Дозволената количина на алкохол е 0,02 промили. Во автомобилот мора да имате и тестер за алкохол, а можете да го купите на секоја бензинска станица.

Во Грција е забрането возење со запалена цигара.

Ако возите бавно на автопатот во Германија, ќе добиете казна. Ако им се заканувате со рацете на другите возачи, казната е 500 евра. Додека чекате на рампа, мора да го исклучите моторот. Исто така, ако останете без гориво на автопат, ќе бидете казнети.

Во Португалија не смеете да носите канистер со бензин во возилото.

Во Русија е забрането да се земаат автостопери.

Во Словенија, кога одите наназад, мора да ги вклучите сите четири трепкачи.

Ако носите очила за возење во Шпанија, мора да имате резервен пар, а истото важи и за Португалија и за Швајцарија, каде што е забрането миење на автомобилот во недела.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот