X
 14.09.2016 Здравје

Стравот од безбедноста на вакцините е најголем во Европа

Европа е најголемиот регион во светот што е скептик за вакцинирање. Овие резултати биле откриени во една студија, во која биле анкетирани 66.000 луѓе кои живееле во 67 различни земји, за нивните ставови, важноста и безбедноста на вакцините.

вакцини


Французите покажале најмала доверба во вакцинирањето, 41 проценти од анкетираните изјавиле дека не се согласуваат со тврдењето дека вакцините се безбедни. Глобалниот просек бил 12 проценти. По Франција следела Босна и Херцеговина каде 36 проценти од луѓето се сомневале за безбедноста на вакцините, а по нив Русија и Монголија со 28 и 27 проценти. Грција, Јапонија и Украина се со 25 проценти недоверба во вакцинирањето.

Во Америка 14 проценти од 1000 анкетирани луѓе не се согласувале дека вакцините се безбедни, додека 86 проценти изјавиле дека вакцинирањето е важно.


Светското влијание


Впечатливо е дека Европа се издвојува како регион кој е најскептичен за безбедноста на вакцините.

“Во еден свет каде загриженоста за вакцинирањето може да се сподели на интернет за еден миг, за нас не треба да биде за изненадување за влијанието што интернетот го има на другите земји во светот“- објаснила Хајди Ларсон, од Школата за хигиена и тропска медицина во Лондон.

Југоисточна Азија е регион каде постои најголема доверба во безбедноста на вакцините. Во Бангладеш, Индонезија и Тајланд, односно 1, 3 и 6 проценти од испитаниците не се согласуваат околу безбедноста на вакцинирањето. Во Велика Британија од 1000 испитаници, 9 проценти не се согласуваат со идејата дека вакцините се безбедни, додека 90 проценти сметаат дека се важни. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје