Многу развиени земји во последниве години го ревидираат начинот на кој ги третираат своите работници. Од општите права на вработените луѓе до оние на родителите и малцинствата, Индексот за права на работникот за 2019 година покажува кој имал најголем, а кој најмал напредок.
Со 9,0 поени од вкупно 10, за учество на жените во парламентот, Норвешка го освои првото место пред Данците и покрај тоа што има поизразена родова разлика во платите (7,1 отсто).
Данска се најде на второ место благодарение на родовата разлика од 5,7 отсто и учеството на жените во парламентот и разновидноста со 7,9 поени од 10. На третото место се најде Белгија, на четвртото Луксембург, а на петтото Нов Зеланд.
Словенија, Грција, Шведска, Италија и Франција ги заокружија првите 10 земји.
Кога станува збор за задоволството од животот, на првите три места се Швајцарија, Холандија и Данска со по 7 поени од 10. Данците уживаат поени за задоволство од 7,5 и просечна работна недела од 32,4 часа. Исто така, овие три земји имаат најниска просечна работна недела со 35,7 часа во неделата, а Холандија ја има најкратката работна недела - само 29,2 часа.
Белгија, Луксембург и Чешка во просек имаат 38,5 работни часа неделно, и 6+ поени кога станува збор за задоволството во животот.
Породилно отсуство
Да се биде вработен и да се биде родител истовремено е прилично тешко, меѓутоа, во овие земји луѓето уживаат најдобри права за породилно отсуство:
Шведска - Мајките во Шведска може да очекуваат до 69 дена породилно отсуство, додека татковците добиваат 14 недели. Родителите можат да добијат до 54,9 отсто од нивната плата во текот на породилното, со што Шведска е најдобрата
земја за породилно отсуство.
Норвешка - Породилното отсуство во Норвешка трае 52 недели, а татковците добиваат 14 недели.
Велика Британија - Слично како Норвешка, Велика Британија дава 52 недели породилно отсуство и 14 недели за таткото, но се платени значително помалку од Скандинавците со 46,8 отсто од платата.
ТУКА можете да го погледнете целосниот индекс.