Овие 10 книги што датираат од 19 век до последните неколку години, се модерни германски класици. Секоја од нив навистина вреди да се прочита.
1. „Die Blechtrommel“, Гантер Грас (1959)
Во оваа книга Оскар Мацерат ја раскажува неговата животна приказна од ментална болница во раните 50-ти.
Роден во 1924 година, Мацерат на три годишна возраст одлучува да престане да расте, и да го задржи статусот на дете и покрај тоа што има капацитет да размислува како возрасен.
2. „Der Tod in Venedig“, Томас Ман (1912)
Ова е едно од најдобрите дела на Томас Ман. Книгата раскажува за познатиот писател кој заминува во Венеција за да ги расчисти психолошките проблеми кои го мачеле. Таму среќава момче кое за него претставува симбол на совршенството.
3. „Der Vorleser“, Бернхард Шлинк
Во 50-те, 15 годишниот Германец Мајкл Берг влегува во страсна и тајна љубовна афера со жена која е 20 години постара од него.
Како студент по право, неколку години подоцна, тој присуствува на судење кога сфаќа дека жената на која ѝ судат е неговата поранешна љубовница. Но излегува дека таа е сосема различна личност од тој што ја познавал.
4. „Im Westen Nichts Neues“, Ерих Марија Ремарк
Една од најпознатите книги за Првата светска војна, ја раскажува приказната на германскиот војник Пол Баумер, давајќи човечка перспектива на борбата во Европа помеѓу 1914 и 1918 година.
5. „Das Parfum“, Патрик Зискинд (1985)
Романот ја раскажува приказната за Жан-Батис Гренуј, помошник на произведувач на парфеми во 18 век во Франција, кој почнува да убива девојки, барајќи го „совршениот мирис“.
6. „Austerlitz“, В.Г. Зебалд (2001)
Четвртиот и последен роман пред смртта на овој автор во сообраќајна несреќа во 2001 година е навистина одлична книга. Приказната го следи патувањето на Жак Аустерлиц, човек кој пристигнал во Британија во 1939 година како младо момче од Прага.
7. „Die Verwandlung“, Франц Кафка (1915)
Кафка бил роден во Прага во 1883 година. Во тоа време, Прага била дел од австро-унгарското кралство, така што Кафка пишувал на германски. Денес се смета за една од највлијателните литературни личности на 20-от век, а оваа книга се смета за негово најпознато дело.
8. „Berlin Alexanderplatz“, Алфред Доблин (1929)
Во 1929 година бил објавен овој роман кој ја раскажува приказната за поранешен затвореник кој е ослободен од затвор во Берлин и кој ветува дека ќе живее чесен живот.
9. „Imperium“, Кристијан Крахт (2012)
Нудист кој е вегетаријанец се одлучува да плови од Нинберг за островот Јужен Пацифик откако одлучил да создаде религија која обожува кокос и сонце.
10. „Effi Briest“, Теодор Фонтан (1896)
Напишан кон крајот на 19-от век, овој
роман ја раскажува приказната за млада девојка која е омажена за постар човек.