X
 07.12.2022 Култура

Овој град ја чува најголемата книга на светот

Некогашниот крал на Бурма, Миндон, сакал да остави нешто корисно за идните генерации. Бидејќи многу ја сакал литературата и сакал да чита, тој сметал дека не постои подобар подарок за иднината и за неговата земја од книгата. Сакал таа книга да биде посебна и да трае со векови, па затоа ја создал најголемата книга на светот.

Миндон од Бурма сакал книгата да биде негово наследство и да трае 5.000 години, па знаел дека хартијата нема да преживее толку долго. Кога почнал да го гради главниот град на Бурма во 1860 година, тој почнал и да ја создава најголемата книга на светот која сè уште се наоѓа во подножјето на ридот Мандалеј.

Димензиите на книгата се неверојатни - книгата содржи 730 листа или 1.460 страници, сите изработени од мермер, и има околу 100 реда текст. Секој лист е широк 107 метри, висок 153 сантиметри и дебел 13 сантиметри.

vlez
Влезот што води до книгата/Фото: David Coleman / HaveCameraWillTravel.com

Книгата била завршена по осум години, а во 1868 година официјално била отворена за јавноста. Првично, секоја табла имала свој скапоцен камен на врвот, но кога Британците го нападнале северот на Бурма во 1880 година, накитот исчезнал.

Реставрацијата на книгата започнала во 1890 година, а во втората половина на 20 век книгата го вратила својот поранешен сјај. Оваа скапоцена книга го добила своето печатено издание во 1900 година, во 38 тома, а секој содржел 400 страници. Ова дело е збирка на списи на будистичката традиција на Теравада.

Денес, редовите издлабени во злато исчезнале, а на нивно место се наоѓаат линии испишани со црна смола. За да добиете идеја за тоа како изгледа оваа бурманска убавица, треба да ја доживеете.

Извор: 24sedam.rs
Фото: David Coleman / HaveCameraWillTravel.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура