Фото: Thinkstock
Неверојатната понуда доаѓа од Италија. Имено, во понудата стои дека недвижнините можат да се купат само за едно евро, а некои пишуваат дека се достапни и бесплатно.
Италијанските градови сакаат да спречат нивните места во иднина да останат без жители и со тоа да бидат избришани од географската карта. Некои од недвижнините се движат и од нула евра. Но постои еден услов - купувачот мора да се обврзе дека ќе ја обнови куќата и во неа ќе инвестира најмалку 25,000 евра.
Станува збор за оштетени згради што мораат да се спасат од целосен колапс или кои, во најдобар случај, не се погодни за живеење. И покрај тоа, станува збор за фасцинантни традиционални
градби на прекрасни медитерански локалитети.