Како е најдобро да се реализира наставата од 1 септември, дали сме подготвени за физичка настава, ќе умееме ли да ја спроведеме онлајн-наставата или можеби најдобро е комбинирана? Очекувајќи одговори од надлежните институции, изминатава недела ги опфативме најважните аспекти и предизвиците што нè очекуваат во новата учебна година. Но не се задржавме само на образованието, туку опфативме повеќе теми кои ги засегаат нашите граѓаните.
Ова се дел од содржините за кои истражувавме минатата недела.
Со оглед на тоа дека немаме некои јасни насоки како ќе тераме од 1 септември, планирам да им организирам двонеделна обука на наставниците во нашето училиште за платформата што ќе ја користиме.
Онлајн-наставата е изводлива, мора да размислуваме што можеме да работиме во македонски услови, а не постојано да се споредуваме со системи што ни се многу далечни, вели Митко Димовски, директор на гимназијата „Орце Николов“.
Иако сѐ уште нема одлука како ќе почне учебната 2020/2021 година поради пандемијата на Ковид-19, КЗБ даде препораки како да се почне, а потоа ќе треба да се донесе конечната одлука. Вчера Комисијата препорача учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн-настава, односно да учат од дома.
Металургијата не е само професија. Таа е инженерство, наука, занает, уметност, зависи од вас, од која страна сакате да ги согледате нештата. На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје се негуваат и двете дисциплини. Металургијата во нашата држава на факултетско ниво се изучува уште од далечната 1959 година, кога била во рамките на Техничкиот факултет, а денес егзистира на две насоки на Технолошко-металуршкиот факултет – екстрактивна и преработувачка металургија.
Комисијата за заштита од заразни болести денеска ги разгледуваше моделите и протоколите што треба да почнат да важат во училиштата во земјава од
1 септември, за учениците и вработените да бидат заштитени од Ковид-19. Откако Комисијата ќе даде свое мислење до Кризниот штаб, тој дава препораки до Владата, која ќе донесе крајна одлука за тоа како да работат училиштата во новата учебна година, објаснуваат од Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука во понеделникот требаше да пресече и да одлучи како ќе почне учебната 2020/2021 година. Комисијата за заразни болести даде препораки, но сѐ уште не е донесена конечната одлука. Поразговаравме со директни учесници во наставниот процес за тоа каква е реално состојбата во училиштата – дали имаат капацитет за класична настава од 1 септември, дали залудно се потроши летото, дали наставниците добиле некаква обука?
Надлежните во Министерството за образование и наука деновиве ги подготвуваат
протоколите за студентските и за ученичките домови во државава. Има многу нови правила кои станарите ќе мора да ги почитуваат, а тие ќе почнат да важат откако Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб ќе одлучат да се отворат домовите во новата академска година.
Во меѓувреме, во тек е аплицирањето за легло во студентските домови. Како што информираат од Министерството за образование и наука (МОН), интересот е голем, што покажува дека студентите се подготвени да му се вратат на студентскиот живот во дом.
Проф.д-р Оливер Зајков
Деновиве многу се пишува и се зборува за тоа како ќе започне новата учебна година. Дали наставата да се организира со физичко присуство, да биде онлајн или да биде некоја комбинација од овие две; дали паралелките да бидат со 10, 20 или 30 ученици и така натаму, пишуваше
проф. д-р Оливер Зајков во неговата колумна за Факултети.мк
Дајана Стојчевска
Дајана Стојчевска веќе половина година е дел од тимот на „Гугл“ во Минхен. По неколку пракси, студии на ФИНКИ и работно искуство во ИТ-фирма во Скопје, таа стана дел од Stadia тимот на „Гугл“, каде што моментално работи како софтверски инженер. Разговаравме со неа за нејзините искуства, за да откриеме - дали македонските студенти се компетитивни на светско ниво? Што е потребно да се направи за да се стигне до работно место во светски ИТ-гигант како што е „Гугл“? Дали ФИНКИ доволно ги обучува студентите?
Владимир Бидиков
„Времето нѐ згази. Сега камионите веќе возат на автопат со 200 км на час, а ние треба да преминеме од другата страна. Веројатно ќе нѐ удрат најмалку 5 камиони. Ама од некаде мора да почнеме“, вели Владислав Бидиков, систем-инженер од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Тој беше еден од петтемина учесници на онлајн-дебатата на тема „Какво образование нѐ чека од 1 септември. Ќе тргнат ли децата на училиште“, која ја организираа Факултети.мк и Деца.мк уште на 9 јули.
Проф. д-р Александра Мартиновска-Стојческа
Производството на храна и достапноста на земјоделско-прехранбени производи се од стратешко значење за секоја земја. Во нашата земја земјоделскиот сектор зазема значаен дел од економијата, придонесувајќи со околу 10% во бруто-домашниот производ, односно околу 15% ако се земе предвид и прехранбената индустрија, вели вели проф.
д-р Александра Мартиновска-Стојческа од Институтот за агроекономика, Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има ли начин да се промени одлуката на Регулаторната комисија за енергетика - РКЕ за поскапувањето на струјата? Или ако веќе остане зголемената цена од 7,4 проценти, може ли да не ја почувствуваат граѓаните? Најавените повисоки сметки за од септември предизвикаа жестоки реакции кај граѓаните, протести во неколку градови и барање да се поништи оваа одлука. Поради новата цена, домашните буџети би биле најоптоварени во зима за оние што се греат на електрична енергија.
Како може да се намали финансискиот товар од електрична енергија за домаќинствата?
Има ли начин да се промени одлуката на Регулаторната комисија за енергетика - РКЕ за поскапувањето на струјата? Или ако веќе остане зголемената цена од 7,4 проценти, може ли да не ја почувствуваат граѓаните? Најавените повисоки сметки за од септември предизвикаа жестоки реакции кај граѓаните, протести во неколку градови и барање да се поништи оваа одлука. Поради новата цена, домашните буџети би биле најоптоварени во зима за оние што се греат на електрична енергија.
Како може да се намали финансискиот товар од електрична енергија за домаќинствата?
Половината од Македонците носат заштитни маски, а повеќе од половина ја одржуваат препорачаната дистанца. Речиси е изедначен бројот на тие што се плашат и тие што не се плашат од коронавирусот. Ова се одговорите на нашите читатели кои анонимно одговараа на анкетата „Дали носите маска?“
На прашањата одговорија 3.409 читатели.