„The One“ во Торонто ќе биде еден од првите супервисоки облакодери во светот, додека северната кула во Оушнвајд Плаза наскоро ќе се издигне над Лос Анџелес. А во Дубаи, „Блуватерс“ поставува рекорди во рамките на Аин Дубаи, најголемото светско тркало за набљудување што ќе биде дел од развојот на островот.
Повеќе од 300 метри висока, „The Оne“ во Торонто ќе биде првата комплетирана супервисока зграда во Канада.
- Ќе биде иконска. Ова е првата од ваков вид не само во градот, туку и во земјата - вели Сам Мизрахи.
Фото: Mizrahi Development
Лоцирана во срцето на Торонто, 85-катната зграда на улиците „Јонџ“ и „Блор“ исто така ќе биде една од најважните раскрсници во градот, ако не и во светот. Зградата може да се пофали со хибриден егзоскелет создаден од „Фостер + партнерите“. Дизајнот ги поставува „коските“ на зградата во надворешноста, наместо да излегува од нејзиното јадро. Тоа овозможува простор во зградата што не е прекинат од колони и столбови. Апартманите се движат од 4 милиони американски долари за една спална соба до 17 милиони долари за пентхаус. 70 отсто од становите во зградата се продадени. Пентхаусите на покривот имаат приватни базени и се целосно затворени со стакло. „The One“ ќе понуди 24-часовна портирска услуга, паркинг, фитнес-центар и убава тераса, плус хотел со 200 соби.
Фото: Meraas
Во Дубаи, „Блуватерс“ носи 698 апартмани и 17 куќи на островот. Овој проект, вреден 1,6 милијарда долари, ќе биде дом на Аин Дубаи, најголемото тркало во светот што ќе биде отворено подоцна оваа година.
Апартманите ќе бидат распоредени меѓу 10 средни згради, со домови со една до четири спални. Цените започнуваат од 1,9 милион долари за дом со една спална соба, до 14,6 милиони за дом со четири спални. За жителите ќе има четири базени за пливање, детски базен, два кошаркарски терени и две спортски сали, како и приватни градини и дворови. Мост го поврзува островот со патот Шеик Зајед, а ќе има и автономни возила за превоз на луѓето. Продажбата на становите започна во 2017 година, а зградите ќе бидат завршени оваа година.