X
 14.02.2016 Живот

Дубаи гради подводни луксузни домови

Дали некогаш сте слушнале за островите наречени „The world“ во Дубаи? Ова е вештачки архипелаг од мали острови направен да личат на мапата на планетата. Дел од островите кои се нарекуваат „Срцето на Европа“, наскоро ќе добие лебдечки домови наречени „Floatin seahorse“. Најдобриот дел? Дел од овие домови ќе бидат под вода, а сето тоа изгледа апсолутно неверојатно.

 

дубаи


За куќата од 2.8 милиони долари биле потребни 5.000 часови за истражување и 13.000 часови за дизајн. Првите модели отишле во продажба уште минатата година уште пред да бидат готови, а дизајнерската фирма „Kleindienst group“ вели дека продале 60 во 2015 година. Подводниот дел содржи голема спална соба и бања. Надвор се наоѓа корална градина, кадешто жителите ќе можат да уживаат во морските коњчиња и останатиот подводен свет низ Арапскиот Залив.

Целта на компанијата е да создаде нови стандарди за раскошко живеење. Исто така, тие се надеваат дека ќе помогнат во враќањето на загрозените морски коњчиња во оваа област.

„Ќе создадеме вештачки корален гребен под луксузните домови, кој ќе биде заштитено подрачје во кое морските коњчиња ќе можат безбедно да живеат и да се размножуваат“, вели фирмата.

Кога станува збор за дизајнот, фирмата ангажирала над 200 дизајнери, инженери и архитекти од целиот свет кои со заедничка соработка го реализирале проектот. Тие се надеваат дека до октомври ќе биде завршена првата фаза, а проширувањето надвор од „Срцето на Европа“ го планираат за 2017 и 2018 година.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот