Колку пати сте се фатиле себеси како ги одложувате обврските иако се наближува крајниот рок? Дали охрабрувањето од некој друг во тие моменти би ве натерало да продолжите или само би ве изнервирало?
Такуја Каваи, сопственик на кафуле во Токио, смета дека луѓето едноставно треба да се фокусираат на работата и ќе ја завршат. Тој ја подигна работата во кафулето на сосема ново ниво. Така, правилото на кафулето е дека не смеете да го напуштите додека не си ја завршите работата, а го користат многу писатели, уметници, програмери, дизајнери...
Преводот на името на кафулето би бил „кафуле за пишување“ (Manuscript Writing Café) бидејќи првенствено било наменето за писатели. Кафулето се наоѓа во областа Коенџи, позната како рај за писателите, уредниците, лекторите, новинарите, видеопродуцентите и манга-уметниците. Со оглед на тоа што многу луѓе од овие области работат од дома, постојат одредени предизвици со кои се соочуваат.
Кафулето има јасни правила за гостите. Кога влегувате, мора да се пријавите кај сопственикот Такјуа што работа треба да завршите. Тој ќе ја запише вашата задача и колку време ќе ви биде потребно за да ја завршите. Седнувате на маса со избран пијалак и останува да работите. Нема телевизија, нема таблет, нема „Нетфликс“ и слично.
Посветеноста на одредена цел е причина за влегување во кафулето, а заминувањето поради „креативна блокада“, досада или лутина дека работата не ви оди, не е опција. За првите 30 минути кафулето наплаќа околу 150 јени (околу евро и пол), дополнителни 300 јени за секој час потоа. Удобното кафуле со 10 столчиња нуди неограничена количина на чај и кафе со кои гостите сами се послужуваат, брз безжичен интернет и приклучоци за лаптопи и таблети.
Затоа, при влегувањето гостите мора да ги запишат своето име, целта за денот и предвиденото време за завршување на работата. Исто така, тие можат да побараат од сопственикот да дојде да ги провери за време на работата и да им каже збор-два за нивниот напредок. Оние што бараат „поблага“ опција за надзор едноставно ќе бидат прашани како поминале кога ќе платат на крајот. Оние на кои им е потребна поголема дисциплина може да очекуваат сопственикот повремено да застане зад нив и да набљудува како им оди.
Извор:
Putnikofer.hr
Фото:
Instagram