Индија веројатно ќе се преименува во Барат, објави Си-ен-би-си повикувајќи се на неименувани извори. Веста доаѓа по објавувањето на официјалната покана за вечера од претседателката на Индија, Друпади Мурму, испратена до претседателите и министрите од Г20, на која е наведено дека ја испраќа претседателот на Барат.
Се очекува резолуцијата да биде разгледана на специјална седница на индискиот парламент, а потегот се гледа како решение за конфузијата на името на земјата со името на опозициската коалиција ИНДИА.
На претходните покани стоеше дека се испратени од претседателот на Република Индија.
- Целата земја бара да го користиме името Барат наместо Индија. Зборот Индија е навреда која ни е дадена од Британците, додека Барат е симбол на нашата култура - изјави Харнат Синг Јадав, пратеник од редовите на Индиската народна партија.
За да се смени името на земјата, потребно е само мнозинство во двата дома на парламентот да ја одобри резолуцијата и штом ќе се случи тоа, индиската влада ќе треба само да го измени уставот на најмалку десет места каде што пишува „Владата на Индија“.
Извор:
CNBC