X
 16.04.2015 Образование

Која е процедурата за промена на име и презиме во Македонија?

Граѓаните на Република Македонија имаат право да го променат своето лично име, односно името или презимето.


Според Законот за лично име, личното име на малолетното лице се менува на барање од родителите или посвоителите, односно старателот со согласност од надлежниот орган за старателство. Доколку малолетното лице има повеќе од 10 години, потребна е и негова согласност.

Право на промена на лично име нема лице против кое се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност или на лице кое е осудено за такво кривично дело додека казната не е извршена или додека траат правните последици на осудата.

Исто така, личното име не му се менува на лице кое не ги регулирало имотно-правните и други законски обврски од брачниот однос и од односот на родители и деца кон лица кои живеат во РМ.

Каква е процедурата?

Барањето за промена на личното име со потребната документација се поднесува до МВР, а решението за промена на личното име се донесува во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Доколку Министерството за внатрешни работи не го донесе решението во рокот, лицето има право во рок од три дена да поднесе барање до писарницата на Министерот за внатрешни работи, кој во рок од пет работни дена е должен да донесе решение за уважување или одбивање на барањето.

Конечното решение за промена на личното име се доставува на органи и организации кои со закон се должни да водат евиденција со податоци за личното име на граѓанинот.

Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое не се служи со личното име што му е запишано во матичната книга на родените.

Закон за лично име


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование