X
 05.09.2023 Живот

Улиците се претворија во реки: Погледнете како изгледа Волос по поплавите

Поплави и проблеми во градовите Волос и Ламија во централна Грција, како и на островите Крф и Скиатос, предизвика бурата „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата и донесе обилни врнежи од дожд, молњи, засилен ветер и забележлив пад на температурата, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми проблеми има во Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса.

Преку бројот 112 за итни случаи вчера до жителите на пет области во Северна и Централна Грција беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави и ограничување на движењата.

Се очекува бурата да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во Северна и Централна Грција, во делови на Пелопонез, на островите во Јонското Море итн.

За бурата „Даниел“, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас, вчера рече дека станува збор за „екстремен природен феномен“ и истакна дека е потребна внимателност од сите, како од властите така и од граѓаните.



Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот