Сопствениците на автомобили што поминуваат помалку од 15.000 километри годишно може да заштедат доколку почнат да користат друг вид превоз, покажува ново истражување.
Резултати од неодамна спроведено истражување во Германија покажуваат дека сопствениците на автомобили кои не поминуваат најмалку 15.000 километри годишно пропуштаат значајни заштеди. За нив, возењето со такси, изнајмувањето автомобил или користењето електрични велосипеди или тротинети се поповолни опции од поседувањето автомобил.
Истражувањето, кое го направиле консултантските фирми „Оливер Вајмен“ и платформата „Болт“, ги анализирало вкупните трошоци на сопствениците на повеќе видови автомобили и ги споредило со трошоците за другите видови превоз.
Користењето услуги за заедничко возење се покажало како најисплатливо, како и користењето електричен тротинет или електричен велосипед. Дури и возењето со такси е поисплатливо доколку не поминувате барем 12.000 километри годишно со сопствен автомобил.
Извештајот, исто така, покажува дека растојанието поминато со приватни автомобили е намалено за 1.700 километри годишно во текот на изминатата деценија, додека бројот на регистрирани возила по домаќинство е ист, што укажува на тоа дека автомобилите често седат неискористени дома.
Извор:
Autonet
Насловна фотографија: Pixabay