Компанијата „Воронтивајз“, која нуди услуги за гаранција во Велика Британија, објавила резултати од истражување за сигурност на половни автомобили помлади од 10 години. Меѓу најдобрите 10, вкупно девет се автомобили од азиски произведувачи, а само еден е од Европа.
Истражувањето било спроведено со анкета во која учествувале 131.000 возачи.
Според резултатите, најсигурен половен автомобил е „хонда џез“. Овој автомобил има пристапна цена, но и репутација за квалитетна изработка и долго траење. Од можни 100 поени, овој јапонски автомобил освоил 93,7 поени. Возачите изјавиле дека е модел кој ретко се расипува, а дури и кога ќе се случи тоа, поправката не е скапа.
Кога станува збор за остатокот од листата, на неа доминираат јапонски и корејски произведувачи. Единствен претставник од Европа е „пежо 107“.
10 најсигурни половни автомобили
1. „Хонда џез“
2. „Мазда 2“
3. „Тојота аурис“
4. „Мазда МХ-5“
5. „Тојота аиго“
6. „Киа сид“
7. „Киа рио“
8. „Сузуки алто“
9. „Хјундаи и20“
10. „Пежо 107“.
Извор:
Bizlife
Насловна фотографија: Pixabay