X
 16.08.2021 Живот

„Невера“ на Римац ги сруши сите рекорди и стана автомобил со најголемо забрзување во светот

Освен што „Невера“ постави нов рекорд за забрзување, го собори и сопствениот (иако неофицијален) рекорд од 8,62 секунди, што Римац го постави во Хрватска во јуни.

Она што се споменуваше и најавуваше, сега е и официјално потврдено. Хиперавтомобилот „Невера“, на „Римац автомобили“, има најбрзо забрзување меѓу автомобилите што се произведуваат денес.

Рекордот беше потврден на „Фамосо Рејсвеј“ во Мекфарленд, Калифорнија, каде за 8.582 секунди помина 400 метри и тоа со брзина од 169,58 километри на час.

Освен што „Невера“ постави нов рекорд за забрзување, го собори и сопствениот (иако неофицијален) рекорд од 8,62 секунди, што Римац го постави во Хрватска во јуни.

Овој пат зад воланот не беше Мате Римац, туку Брукс Вајсблат од „Драгтајмс“. На видеото објавено од „Драгтајмс“ може да се види дека условите за поставување на рекордот не беа совршени. Имено, во Калифорнија, исто како и во Хрватска, е доста топло, па тимот од „Римац автомобили“ мораше да приспособи некои поставки на болидот за оптимално забрзување и возење.

Веќе се упатени повици „Невера“ и „Тесла Модел С Плејд“ да си ги одмерат силите, а со оглед на тоа дека „Вајсблат“ е сопственик на „Тесла“, тоа може да се случи за брзо време.



Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот