X
 05.11.2016 Забава

Никој не ја забележал огромната грешка на поранешна банкнота со ликот на Тито

Југословенскиот динар била валута што почнала да се користи во Кралството СХС од 1920 година, а продолжила да се користи и во Кралството Југославија, социјалистичка Југославија и во Сојузна Република Југославија. Имињата на државата се менувале, но не и динарот, кој стекнал култен статус, а престанал да биде „југословенски“ кога бил заменет со српскиот динар во Србија, со еврото во Црна Гора, многу години по распаѓањето на Југославија.

На почетокот од осумдесеттите години на минатиот век, била донесена одлука постоечката серија на пари да се замени со нова, помодерна. Во новата серија, секоја поединечна банкнота требала да претставува една од југословенските републики, и од едната страна да има лик од историска личност од таа држава, а од другата страна – мотив од државата. Замислата била најмалата банкнота од 10 динари да ја претставува најмалата република, Црна Гора, а најголемата, од 1000 динари – најголемата република, Србија. Во план било и воведување на нова банкнота од 5000 динари, која би ја претставувала Југославија. Најпрво требало да се испечати најголемата банкнота, а потоа постепено би се заменувале и банкнотите со помали апоени.

Во 1985 година излегла новата серија банкноти со воведувањето на банкнотата од 5000 динари со ликот на починатиот југословенски претседател, Јосип Броз Тито.

Дотогаш најголемата издадена и долгоочекувана банкнота предизвикала бура реакции во јавноста што трае до денес – не заради нејзината вредност, туку поради грешката што на почетокот никој не ја забележал. Имено, покрај ликот на Тито се запишани годините на неговото раѓање, односно неговата смрт. Наместо 1892-1980, на банкнотата пишувало 1892-1930, па според тоа, Тито починал 50 години претходно.


Грешката на банкнотата со ликот на Тито

Да биде поинтересно, банкнотата не била повлечена и покрај воочувањето на грешката, бидејќи генералниот директор на тогашниот Завод за изработка на банкнотите рекол дека од 14 милиони печатени банкноти, само 4 отсто се згрешени. Тоа значи дека биле згрешени 560.000 банкноти, а според меѓународните прописи, државата што ќе пушти во оптек повеќе од еден промил банкноти со видлива грешка, треба да ја повлече од оптек целата серија.

Погрешната година на смртта на Тито не е единствената грешка на оваа банкнота – на неа не е означен ни датумот кога е пуштена во оптек, а изгледот и описот на банкнотата бил сосема различен од тоа што било најавено во службената листа на СФРЈ, пишува express.hr.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава