X
 05.11.2017 Живот

Како ја замислувале иднината футуристите од 1900-те години?

Кога ја замислувате иднината, што гледате? Роботи-помошници? Се разбира. Но, која е разликата помеѓу сегашните и футуристите од 1890-те и 1900-те години? 

Што погодиле?

Постоел тренд за футуризам околу 19 и 20 век, а најмногу се прикажувал преку разгледници и илустрации. Футуристите ги сликале своите предвидувања, но нешто успеале да погодат и тоа многу прецизно, но некои работи и премногу ги згрешиле. Ова се неколку нешта кои се оствариле:

-    Скајп – Го нарекле „Кино за преписка“, но се работи за видео повик, како што сега имаме преку „Скајп“.

-    „Румбас“ – модерен робот правосмукалка, односно модерен уред за чистење.

-    Готови јадења – во текст од списание во 1900 година се појавиле низа на предвидувања, меѓу кои и тоа дека готови јадења ќе се продаваат во пакување.

-    Џет пакувања – Можеби немаме сосема вакви нешта во авионите, но новите дизајни на Боинг се блиску до комплетно функционална летачка машина за едно лице до 2019 година.

Што погрешиле?

Иако е неверојатно што некои луѓе предвидуваат нешта кои ќе се случат по 100 години, секогаш е интересно да се чуе и што погрешиле.

-    Автобуси китови – Ова е дури и тешко да се замисли како би изгледало.

-    Електрична едукација – Можеби се мислело на компјутерите, но сепак е чудна помисла.

-    Без животни – Футуристите од минатото очигледно не можеле да го дочекаат денот кога човештвото ќе ја победи природата. Иако сме многу блиску до загрозување на што повеќе животински видови, сепак ова предвидување е погрешно.

-    Роботи бербери – За некое чудо, луѓето порано не гледале со страв на сечилата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот