На 15 април 1912 година, Титаник удрил во санта мраз и повеќе од 1.500 луѓе загинале во оваа трагедија. Од преживеаните 710 луѓе имало две млади момчиња на возраст од 2 и 4 години, единствените деца кои биле спасени и кои немале родители.
Информацијата била ретка, листата на патниците била во целосен хаос, а двете мали дечиња едноставно одговарале „oui“ на секое поставено прашање.
Медиумите ги нарекувале
„Титаник близнаците“, а нивниот идентитет останал непознат се` додека една жена од Ница, Франција пронашла статија од весник со слика од деца кои изгледале како двата нејзини синови.
Нејзиното име било Марсел Карео, и после воспоставувањето контакт со локалните власти, таа ги опишала во детали, поставувајќи им прашања на кои само нејзините синови би можеле да одговорат. Откако нивната врска била потврдена, таа повторно била обединета со нејзините деца.
Но, како децата се нашле на Титаник? Одговорот бил нивниот татко, Мишел Навратил. Нивниот татко ги киднапирал двете деца, а неговиот план бил да побегне во Америка и да започне одново. Го променил името во Луис Б.Хофман, а своите деца ги прекрстил во „Лоло и Момон“: За жал, тој го избрал Титаник за негово превозно средство.
Во некој чуден пресврт, тој бил единствената жртва која носела револвер во џебот.
Кога момчињата пристигнале во Њујорк, тие биле испратени да живеат со Маргарет Хјес, уште една преживеана од Титаник. Еден месец подоцна, Мишел и неговиот помал брат Едмонд биле повторно соединети со нивната мајка.
Едмонд починал на 43 години после битката со француската армија во Втората светска војна. Мишел продолжил на факултет, заработил докторат и станал професор по филозофија. Починал на 20 јануари 2011 година на 92 години и бил еден од најстарите преживеани патници на Титаник.