Концептот на рамнотежа меѓу работата и животот не е толку тежок доколку знаете како да балансирате. Доколку сакате да ја подобрите рамнотежата помеѓу вашиот живот и работата, тогаш дефинитивно треба да ги следите следните чекори.
1. Создадете време за одмор во вашиот распоред
Бидејќи претприемачите имаат преполн распоред со активности и цели, можат да направат одличен напредок користејќи ги силите за планирање. Потребно е секој претприемач да создаде време за одмор и да го вметни во својот распоред. Истото важи и за планираните активности за физичка релаксација и опуштање. Потребно е да си поставите цел да имате барем три релаксирачки активности неделно.
2. Исклучете ги активностите кои залудно ви одземаат време и енергија
Сте забележале дека за некои активности ви е потребно повеќе време и физички и ментално ве исцрпуваат? Потребно е веднаш да ги исклучите од вашиот живот. На тој начин ќе имате повеќе слободно време и пропорционално на тоа и подобра рамнотежа.
3. Создадете време за вежбање
Закажете го вежбањето во реално време кога можете да стигнете - или тоа нека биде напладне со што вежбите ќе ви помогнат да се опуштите после работа или рано наутро со што полесно ќе се расоните. Одржувајте ги плановите флексибилни и во врска со тоа какви вежби ќе правите, со цел да реализирате здрава рамнотежа помеѓу кардио вежбите и активностите кои ги потенцираат истегнувањето и силата.
4. Запомнете дека и малата релаксација е доста значајна
Ако си дозволите 10-15 минути релаксирање со пријател или сакана личност, или пак да прочитате магазин или да прошетате, овие кратки активности можат и тоа како да придонесат за вашата емоционална благосостојба и здравје.
5. Уживајте во викендите и одморот
Ако викендите и работните денови се мешаат едни со други, тогаш вашето тело и ум никогаш нема да можат да се одморат. Иако некогаш не е возможно да се избегнат активностите од
работа, викендите и одморите се време кога треба да си дозволите да се релаксирате и да уживате.
6. Издвојте време за домашните обврски
Закажете ги домашните обврски со цел да избегнете тие да станат итни. Да, можеби постојат денови кога немате баш време за сето тоа, меѓутоа ако закажете време за проверка на вашето здравје, поправка на автомобилот и генерално чистење, тогаш итните случаи со кои ќе треба да се соочите ќе бидат се' помали и помали.
7. Минимизирајте го времето кое го поминувате на работите кои мора да ги направите
Можеби готвењето е нешто во кое уживате или пак е нешто кое ви одзема време и ви создава нервоза. Зависи од вас - или минимизирајте го времето кое го поминувате на нешта кои мора да ги направите, а не сакате или започнете да пронаоѓате начини тие да ви се допаднат.
8. Оставете место за вашето семејство
Вашето семејство ви е приоритет и секогаш треба да ги ставате на прво место. Претприемништвото е тежок предизвик за многу семејства. Доста тешко е да за претприемачите да го направат семејството највисокиот приоритет, кога нивните одлуки може да влијаат врз стотици други семејства и работа. Сепак, времето поминато со семејството е нешто кое и тоа како влијае врз рамнотежата меѓу личниот живот и работата.
9. Одлучете што сакате од животот
„Постојат луѓе кои гледаат како работите се случуваат, луѓе кои самите ги создаваат работите, и луѓе кои стојат и велат: Што се случи?“. Која личност сте вие? Луѓето чии животи се балансирани ги реализирале нивните цели преку намерни и планирани избори.
10. Комуницирајте јасно за она што функционира, а што не
Откријте кои работи одат како што треба, и елиминирајте ги оние кои не функционирарат. Ова е важно за сите кои сакаат да создадат рамнотежа.
11. Отстранете се' што ви пречи
Се' она што ви пречи: телевизор, музика, разговори, телефони, лап топи или други уреди треба да го отстраните доколку постојано ви го одвлекува вниманието.