X
 05.11.2019 Наука

Врвно француско вино испратено во вселената

Неколку десетици шишиња врвно француско вино во саботата беа испратени на Меѓународната вселенска станица, но нема да бидат наменети за астронаутите, туку за научни цели – ќе се проучува како виното созрева во вселената.

Црвеното „бордо“ ќе остане една година таму, доволно за да се согледа како бестежинската состојба и вселенската радијација влијаат врз созревањето на виното. Целта, меѓу другото, е да се развијат и нови вкусови и својства во оваа гранка на прехранбената индустрија.

Во ова истражување учествуваат универзитетите на Бордо и Баварија.

По враќањето на Земјата, виното ќе се спореди со тоа што било отстоено во земни услови.

Тоа е првата од шесте вселенски мисии планирани наредниве три години.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука